Пехчевски Црник ќе добие нова улица

Пехчевски Црник ќе добие нова улица

Пехчево, 11 септември 2018 (МИА) - Стручни лица од општина Пехчево заедно со градоначалникот Драган Тренчовски денеска избршија увид на теренот каде во текот на следната недела ќе се извршуваат градежни активности за реконструкција на улицата која води од подрачното училиште „Ванчо Китанов" до центарот на село Црник.

Улицата ќе се реконструира во должина од 457 метри, со нов асфалт, крпење на дупки и поставување на канали за одвод на водата која ќе поминува низ улицата.

Според градоначалникот Тренчовски, реконструкција на оваа улица е приоритет за жителите на село Црник.

- Повеќе од две децении жителите на село Црник имаа потреба од реконструкција на оваа улица. Еве денеска сме овде да ја воведеме фирмата Жикол од Струмица во работа, за наредната недела да почнеме со изградба. Инвестицијата е во вредност од 2.320.040 денари, кои се обезбедени со Министерството за транспорт и врски со Одлука за распределба на средства од Буџетот на Република Македонија за 2018 година за подршка на имплементација на Декадата и Стратегијата на Ромите, рече Тренчовски.

Според предвиденото, изведувачот на реконструкцијата е должен сите градежни работи да ги заврши во рок од 40 дена. вс/вј/16:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ