• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Посебен сообраќаен режим во Нерези

Посебен сообраќаен режим во Нерези

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен во Нерези утре и заутре, во период од 8.30 до 10.30 часот, поради одржувањето на вториот меѓународен „ФИС ролер ски куп Скопје“.

Како што соопшти МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на потег од село Долно Нерези – улица „Козле 1“ до паркингот кај манастирот „Св. Пантелејмон“ во продолжение до паркингот на Средно Водно.

- За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците, соопшти Министерството за внатрешни работи. 

„ФИС ролер ски куп Скопје“ го организира Клубот за биатлон и нордиско скијање и скијачки скокови „Мунте“ - Скопје. хс/вј/16:37

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...