• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) -  Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12.50  часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.К (49) удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје. 

Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на Клиничкиот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.јв/лв/16:34

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ