• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

СДСМ: Незаконско прислушување беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Незаконско прислушување беше одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ

11 септември 2018

Незаконското прислушување и селективната правда беа одлика на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време заврши, денес секој одговора за своите постапки

Незаконското прислушување на граѓаните и грубото кршење на нивните права беа одлика на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ но тоа време заврши.

Денес човековите права и слободи се почитувани и гарантирани, нема нелегално следење на комуникациите на граѓаните, а надлежните институции постапуваат независно и во служба на законите.

По јавно допрен глас, надлежните иснтитуции експресно реагираа и случајот со градоначалникот на Демир Хисар веќе се истражува низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде одговори на сите прашања, вклучително и на прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост и селективна правда заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција. 

Денес Македонија е правна држава во која законите важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност.

                ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА

            СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ