• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Утре и задутре изменет режим на сообраќај на делницата Фариш-Дреново

Утре и задутре изменет режим на сообраќај на делницата Фариш-Дреново

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Автомотосојузот на Македонија информира дека од утре се воведува времена измена на режимот на сообраќај поради планираните градежни работи на делницата Фариш-Дреново на експресниот пат Прилеп-Градско.

Според најавата од изведувачот на работите, шпанската Констракшн Рубау А.Д. Гирона, градежните активности почнуваат утре во седум часот, а прекини во сообраќајот ќе има од 09:00 до 15:45 часот. Прекините ќе започнат во 09:00, 11:00, 13:00 и 15:00 ч. и ќе траат околу 30-45 минути. По 15:45 часот, сообраќајот ќе се нормализира.

Задутре градежните работи ќе почнат исто така седум часот, а прекините ќе бидат од 09:00 до 11:45 часот, односно во 09:00 и 11:00 и со траење од околу 30 до 45 минути. Сообраќајот ќе се нормализира по 11:45 часот.

АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.лв/хс/18:41

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...