• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Се поставува водоводна мрежа на дел од струшко Радолишта

Се поставува водоводна мрежа на дел од струшко Радолишта

Струга, 11 септември 2018 (МИА) - Започнаа градежните работи за поставување водоводна мрежа во село Радолишта, соопшти општина Струга, наведувајќи дека станува збор за крак од 1.000 метри во долната зона на селото.

- Со изградбата на новата водоводна мрежа во долната зона на селото Радолишта, жителите од овој реон ќе добијат квалитетна вода за пиење и ќе се реши долгогодишниот проблем во снабдувањето со вода, истакна струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Проектот е финансиран од општинскиот буџет и Бирото за регионален развој на Република Македонија, а градежните работи треба да завршат до крајот на месецот. сс/см/19:02

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



Мозаик

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...