• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Вчера околу 12.50 часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје Д.К. (69) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки удрил во пешак Б.А.(78) од Скопје. Пешакот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во комплекс клиники "Мајка Тереза" каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

На регионалниот пат Кичево – Македонски Брод на раскрсницата со улица „Рудничка“, вчера околу 12:30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Н. (37) од Кичево, и патничко моторно возило „Ауди“, управувано од И.Р.(37) од Македонски Брод. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи, а по укажаната лекарска помош во Медицински центар Кичево, А.Н. е препратена во болницата "Св. Еразмо" во Охрид. Извршен е увид на местото на настанот.

На улица „Ангел Трајчев“ во Свети Николе, вчера во 13.20 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Сеат толедо“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од Ј.Ѓ. (57) од Свети Николе и мопед „Баотијан“, управуван од Г.Т.(41) од Свети Николе. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Т., кој по укажана лекарска помош во Здравствена установа Свети Николе е препратен во Медицински центар Штип. Извршен е увид на местото на настанот.

Вчера во 12,05 часот во реонот на село Николиќ на место викано „Плажата“ бил забележан пожар, односно биле запалени ниви и меѓи со стрниште, кој се ширел кон граничната линија.  Во 14.30 часот од страна на екипа од Противпожарна единица Гевгелија пожарот е изгаснат.

Во скопското село Орман, на место викано „Камењар“ вчера околу 13.15 часот во викенд куќа сопственост на П.Ц.(65) од село Волково, настанал пожар. Пожарот е изгаснат од Противпожарна единица. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Вчера во 14,00 часот во Полициска станица Тетово, А.Ф.(54) од село Непроштено, пријавил дека на 09.09.2018 година во непознат правец се оддалечила  неговата 17 годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На Граничен премин Табановце,вчера во 7.30 часот на излез од Р.Македонија, при извршена контрола било констатирано дека С.Б.(35) од Р.Албанија, со албанска  патна исправа евидира во СТОП-Листа и истиот се бара за сторено кривично дело "Трговија со луѓе". Лицето е лишено од слобода и е предаден во СВР Куманово, за понатамошна постапка

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле шест сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, три со телесни повреди и две со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и четири со лесни телесни повреди. 60 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 37 возачи бидејќи 28 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, четворица биле возачи почетници и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол. 20 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца не дале првенство на минување на пешаци, тројца неправилно се престроиле, седум неправилно престигнувале и двајца не дале првенство на минување на крстосница. Во текот на изминатиот ден издадени се 159 мандатни платни налози, додека исто така 58 возила се подигнати со „Пајак". аа/10:18

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ