До крајот на годината граѓаните со еден клик ќе имаат увид во сите расходи на Владата

До крајот на годината граѓаните со еден клик ќе имаат увид во сите расходи на Владата

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - До крајот на годината само неколку клика ќе ги делат граѓаните од сите информации во буџетот и сите исплати од трезорот. Паралелно во Министерството за финансии се подготвуваат платформата „Отворено финансирање“ и апликацијата за граѓански буџет.

Ова го најави министерот за финансии Драган Тевдовски денеска, обраќајќи се на Меѓународниот бизнис-самит на тема „Водење бизнис и податоци“ што се одржува во Скопје.

- Во Министерството за финансии ние ја препознаваме важноста на податоците. Затоа работиме на нова платформа базирана на Интернет, наречена „Отворено финансирање“, која ќе им овозможи на нашите граѓани да имаат увид во сите расходи на Владата во реално време. Очекуваме таа платформа да стапи во функција до крајот на оваа година, истакна Тевдовски и додаде дека веќе два тима избрани на финансискиот Фин Хакатон работат на проект за да ги здружат тие информации и податоци на интерактивна веб-страница со цел да помогнат да се објасни како се трошат јавните пари.

Тој потенцира дека денес ги користиме податоците како никогаш порано  за да донесуваме подобри одлуки, да анализираме сѐ:  почнувајќи од тоа колку нешто чини за нашите домови до тоа како ја градиме националната инфраструктура, која ќе ги задоволи потребите на иднината.

- Живееме во свет што многу брзо се менува и за кој требаат податоци за да го разбереме. На пример, Фејсбук е најголема медиумска куќа, а нема произведено ниту една вест.  Аирбнб е најголема хотелска компанија, а нема ниту една соба во сопственост. Најголемата такси-компанија не поседува ниту едно такси-возило. Клучно е да се имаат навремено податоци, потенцира министерот за финансии.

Според него, податоците се главен ресурс на најголемите компании во светот, а владите мораат да ги употребуваат податоците за да ги развијат економиите.

Тој порача дека со подобри податоци доаѓаме до уште еден важен аспект на нашето општество: транспарентност.

- А тоа, за возврат, води кон одговорност. Тоа ни овозможува да донесеме одлуки базирани на подобро разработени информации за тоа како да ги користиме јавните пари со цел најголема корист за нашите граѓани, рече Тевдовски.скс/са/10:31

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...