Шекеринска - Апатурај: НАТО силно ја поддржува Македонија во процесот на пристапување во Алијансата

Шекеринска - Апатурај: НАТО силно ја поддржува Македонија во процесот на пристапување во Алијансата

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше работна средба со заменикот-помошник генерален секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Џејмс Апатурај, која се реализира во рамките на процесот за пристапни разговори на Македонија во Алијансата.

На средбата, министерката Шекеринска рече дека со целосна посветеност, храброст и решителност, Владата последната година работеше на три значајни прашања – Договорот со Бугарија, Договорот за прашањето за името со Грција и меѓуетничките односи во земјава. Во однос на членството во НАТО, Шекеринска додаде дека тимовите во Министерството се подготвени да ги започнат пристапните разговори и дека тој процес се движи според планираната динамика, соопшти Министерството за одбрана.

- Пристапните разговори кои се еден од последните чекори пред полноправно членство во НАТО ќе ни помогнат да останеме фокусирани, да работиме напорно и да ги избереме вистинските приоритети. Со изработката на Стратегискиот одбранбен преглед, како клучен документ, ги почнавме дискусиите за реформите во одбраната и подготвени сме да ги реализираме, рече министерката.

Шекеринска потенцира дека фокусот во одбраната од самиот почеток е на подобрувањето на условите за работа на припадниците на Армијата, а тоа се гледа и преку зголемувањето на одбранбениот буџет оваа година за 15 проценти, и планот за негово понатамошно зголемување до препорачаните 2 проценти од бруто-домашниот производ. Исклучително важно, рече Шекеринска, е и начинот на кој ќе ги трошиме средствата во одбраната, а во следниот период нашиот фокус е да иницираме планови за модернизација.

Заменикот – помошник генерален секретар на НАТО, Апатурај честитајќи за лидерството на Македонија во регионот, истакна дека земјата направи голем пресврт за краток период и дека добрососедската политика на Македонија е впечатлива и за соседите, кои дадоа силна поддршка за полноправното членство на земјата во Алијансата.

Апатурај се согласи дека е исклучително важно како ќе се троши буџетот за одбраната и понуди помош и поддршка од страна на НАТО. Тој изрази благодарност за континуираниот придонес на Македонија во мировната мисија на НАТО во Авганистан, кој е признаен од сите сојузници, соопшти МО.сст/са/11:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Дени де Вито на фестивал во Шпанија добитник на наградата за животно дело на

Американскиот актер Дени де Вито е добитник на наг...

Порномодел ги продава старите силикони за да си купи нови

Британскиот порно модел Тејлор Роуз ги постави сво...

Ел Макферсон во врска со разведен татко на четири деца

Светски познатиот модел Ел Макферсон која неодамна...

Емилија Кларк на невообичаен начин се опрости од серијата „Игра на тронови“

Британската актерка Емилија Кларк на невообичаен н...