• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ОЈО ги истражува злоупотребите на АКМИС-от, неколку лица повикани да дадат исказ

ОЈО ги истражува злоупотребите на АКМИС-от, неколку лица повикани да дадат исказ

Скопје, 12 септември 2018 (МИА)Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет презема дејствија во врска со предметот за злоупотребите на системот за автоматска распределба на судските предмети (АКМИС), за што неколку лица се повикани во Обвинителството да дадат исказ.

- Основното јавно обвинителство Скопје во континуитет презема дејствија за расчистување на предметот и утврдување на факти. Во насока на проверка на наводите од извештајот, побарани се податоци од Судски совет и Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, велат за МИА од ЈОРМ.

Оттаму посочуваат дека во текот на минатата недела, двајцата надлежни јавни обвинители кои постапуваат во предметот заедно со стручни соработници вршеле непосреден увид во кривичните предмети во Основниот суд Скопје 1 Скопје, како и во системот за нивно заведување заради утврдување евентуални неправилности.

Од Обвинителството велат дека се испратени и покани до неколку лица за да дадат исказ пред јавен обвинител. дма/са/11:59

###

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ