Реконструкција на улицата „Димитар Пандилов“ на Водно

Реконструкција на улицата „Димитар Пандилов“ на Водно

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Општина Центар по повеќе од 20 години започна со реконструкција на улицата „Димитар Пандилов“.

Како што рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општината, Саша Богдановиќ стариот коловоз, со вкупна површина од 2.825 метри квадратни ќе се замени со нов и ќе се постави нова атмосферска канализација во должина од 380 метри.

Додаде дека застарената водоводна мрежа и цевките ќе се заменат со нови, полиетиленски, со што ќе се подобри квалитетот на водата за пиење на жителите од овој дел од Центар.

Во рамки на реконструкцијата 565 метри рабници ќе бидат заменети со нови и тротоарите со површина од 703 метри квадратни ќе бидат целосно реконструирани.

- Со реконструкцијата на оваа улица, продолжуваме со заложбата за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Полека, општина Центар почнува да заличува на една модерна, современа, европска општина, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Согласно програмата за реконструкција на уличната инфраструктура, наредни се улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ и улицата „Коле Неделковски“. дма/са/12:19

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ