• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Пајиќ, Маслинко и Николовски отпаднаа од составот за дуелот со Косово

Пајиќ, Маслинко и Николовски отпаднаа од составот за дуелот со Косово

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) – Селекторот на Македонија, Јорданчо Давитков, одлучи од составот за утрешниот натпревар со Косово да ги изостави Андреј Маслинко, Кирил Николовски и Предраг Пајиќ.

Меѓу избраниците на Давитков ќе ги нема ниту повредените Марко Симоновски и Адем Мекиќ.

Македонија во Приштина најверојатно ќе истрча во следениот состав: Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Димитар Караџовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Љубомир Младеновски, Бојан Крстевски и Ричард Хендрикс.

Средбата се игра утревечер од 20:30 часот.

По три дена (16 септември) во Скопје, исто така во претквалификациите за Европското првенство, ќе гостува селекцијата на Романија. зс/13:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.