Во Кавадарци се спроведува акција за предупредување на возачите на технички неисправни трактори

Во Кавадарци се спроведува акција за предупредување на возачите на технички неисправни трактори

Кавадарци, 12 септември 2018 (МИА) -  Кавадаречката полиција деновиве спроведува акција за предупредување пред изрекување на санкции за неисправни трактори пуштени во сообраќај, информираше за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски. 

Тој наведе дека  се делува превентивно во екот на гроздоберот,  кога има зголемено присуство на трактори по патиштата, во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија. 

- Сите возачи кои се движат со своите технички неисправни трактори или товарни возила, се повикуваат на поука. Таму се подучуваат дека техничката исправност е задолжителна, поради безбедност на сите учесници во сообраќајот. Особено е важна светлосната сигнализација, зашто неретко ноќе на пат може да се сретне трактор без исправни светлосни уреди, нагласува Додевски.

Тој додаде дека целта на акцијата е да нема сообраќајки предизвикани поради неисправни трактори за време на гроздоберот.  Доколку ваквите мерки не вродат со плод, следуваат репресивните мерки. свд/см/13:50

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Олег Сенцов стана почесен граѓанин на Париз

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години за...

Британски математичар тврди дека пронашол решение за проблем стар 160 години

Еден од најистакнатите британски математичари, Мај...

Познатиот професионален убиец на ТВ-екраните стана модна икона

Ѕвездата од новата ТВ-серија „Убиствената Ив“, ист...

Премиерката на Нов Зеланд и нејзиното бебе - хит во ОН

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која ов...

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...