• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Пиштол и нож извадени во кавга во скопска детска градинка

Пиштол и нож извадени во кавга во скопска детска градинка

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Во Скопје во детската градинка на улица „Рокомија“, настанала вербална расправија помеѓу З.Џ.(40) и Б.З., двајцата од Скопје. По кавгата З.Џ. извадил пиштол, додека Б.З. извадил нож. 

Како што денеска во соопштение појаснуваат од МВР, на 11.09.2018 година околу 10,15 часот настанот бил пријавен, а по преземени мерки  од страна на полициски службеници бил приведен З.Џ., а кај него бил пронајден пиштол. Б.З. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки и активности е пронајден и приведен.

МВР соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. цр/са/14:12

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ