• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Финализирање на каналот за отпадни води во Росоман

Финализирање на каналот за отпадни води во Росоман

Росоман, 12 септември 2018 (МИА) - Почна да се реализира проектот за финализирање на каналот за отпадни води во Росоман што е финансиран од Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој, а беше аплициран од страна на Центарот за развој на Вардарски плански регион. 

- Вкупната финансиска конструкција на проектот е 1.608.540 денари. Со овој проект ке се надминат проблемите кои доаѓаат од атмосферски води кои прават најмногу проблеми на улиците „Стерјо Несторовски”, „Никола Карев” и магистралниот пат Градско-Прилеп, појаснуваат од Службата за односи со јавноста на општина Росоман. свд/вј/14:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ