Општина Василево асфалтираше улица во Нова Маала

Општина Василево асфалтираше улица во Нова Маала

Струмица, 12 септември 2018 (МИА) - Општина Василево асфалтираше улица во населеното место Нова Маала долга 300, а широка четири метри. За реализацијата на овој зафат се потрошени околу 1,1 милион денари обезбедени од општинскиот буџет.

- Асфалтирањето на улицата во Нова Маала е само потврда дека потребите на граѓаните и нивните барања, за нас како локална самоуправа, секогаш се на прво место, рече градоначалникот на општина Василево, Марјан Јанев.

Деновиве беше асфалтирана и улицата во населеното место Седларци, во дожина од 65 метри, а според планираната динамика ќе биде асфалтирана и една улица во населеното место Василево во должина од 100 метри. рт/вј/14:30

###



Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ