• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Се градат улици во штипската населба Блок 2000

Се градат улици во штипската населба Блок 2000

Штип, 12 Септември 2018 (МИА) - Во штипската населба Блок 2000 стартуваа градежните работи, со кои се пробиваат три нови улици, а за кои сопствениците на индивидуланите куќи што ги градат ги имаат платено претходно комуналиите. Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска беше на терен. Изведбата на овие улици чини околу 3.000.000 денари, а станува збор за нова улична површина од 1300 квадратни метри и должина од 200 метри.

- Многу важно е што овде се развиваат нови објекти, за коишто, патем, морам да ги информирам граѓаните дека се наплатени комуналии од овие плацеви и парите се потрошени од страна на претходната локална власт без да бидат направени улиците. Денес, оваа локална власт најде средства и си ги извршува обврсктие кон овие сопственици кои во минатото уредно си платиле комуналии и градат, а сега треба да им се донесе инфраструктура којашто треба да им се изгради до нивните домови, вели Бочварски.

Во моментов овде се изведуваат земјени работи, а наскоро ќе започне и асфалтирањето на улиците. Изминатиов период беа асфалтирани и рехабилитирани и улиците „Иво Лола Рибар“, „Крушевска Република“, „Ѓорги Петров“ и „Петта Партиска“, а беа бетонирани и краци од улиците „Радански Пат“ и „Кирил Пејчиновиќ“.вдј/скс/15:08

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...