Могерини утре на средби во Скопје

Могерини утре на средби во Скопје

Скопје, 12 септември 2018 (МИА) - Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини утре ќе престојува во Македонија каде се очекува да има средби со македонскиот државен врв и со лидерот на опозцијата Христијан Мицкоски.

Како што информира попладнево владината прес-служба, Могерини утре ќе има средба со премиерот Зоран Заев, по што двајцата ќе дадат кратки изјави за медиумите во Турската Чаршија.

Високата претставничка на ЕУ ќе има средба и со претседателот Ѓорге Иванов, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски. 

Посетата е во пресрет на претстојниот референдум на кој граѓаните треба да се изјаснат за Договорот од Преспа. вг/ев/18:04

ФОТО: МИА Архива 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ