• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

Миле Ѓорѓијоски победник на фестивал на сатира во Шабац

Миле Ѓорѓијоски победник на фестивал на сатира во Шабац

Делчево, 12 септември 2018 (МИА) - Македонскиот сатиричар кој живее и твори во Делчево, Миле Ѓорѓијоски е овогодинешен победник на најистакнатиот фестивал на хумор и сатира на Балканот – „Белосветски фестивал за хумор и сатира“ во Шабац, Република Србија. Фестивалот се одржува во рамки на манифестацијата „Шабачка чивијада” од 13 до 15 септември.

– Чест ми е што по вторпат победувам на ваков реномиран фестивал каде конкуренцијата секогаш е голема. Оваа година учествував со афоризми на различни теми од обични преку политички и еротски до детски. Афоризмите се специјално направени за фестивалот и истите ќе бидат промовирани на главната вечер во четврток, истакна Ѓорѓијоски.

Традиционалната манифестација која ги негува хуморот и сатирата овој септември ќе се организира по јубилеен 50-ти пат. Годинава учество зеле околу 150 сатиричари од целиот Балкан, а пристигнати биле над 2.500 афоризми. Ѓоргијоски е единствениот Македонец кој двапати издвојувал победа, прв пат победил во 2012 година. вс/ев/18:56

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ