Шкендија го совлада Кожув и се пласираше во осминафиналето на Купот

Шкендија го совлада Кожув и се пласираше во осминафиналето на Купот

Гевгелија, 12 септември 2018 (МИА) - Фудбалерите на Шкендија со победа од 0:2 против Кожув во Гевгелија, успешно ја почнаа одбраната на пехарот во Купот на Македонија.

Актуелниот македонски шампион рутински се пласираше во осминафиналето. Бесарт Ибраими во 13-та минута донесе водство од 0:1, а само 15 минути подоцна Омар Имери ги постави конечните 0:2.

Натпреварот меѓу Кожув и Шкендија двапати беше одложен поради обврските на тетовскиот клуб во европските натпреварувања и репрезентативните обврски изминатава недела. дб/ев/19:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...