• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Заев в четврток ќе се обрати пред Европскиот Парламент

Заев в четврток ќе се обрати пред Европскиот Парламент

Брисел, 7 септември 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев в четврток 13 септември во 11 часот и 45 минути ќе се обрати на пленарната седница на Европскиот Парламент во Стразбур, јави дописничката на МИА од Брисел.

Два дена пред тоа, Европскиот Парламент ќе одржи дебата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, на тема „иднината на Европа“. Истиот ден попладне, европратеници ќе дебатираат на истата тема и со унгарскиот премиер Виктор Орбан стои во агендата на ЕП.

Идната недела е клучна за Европскиот Парламент бидејќи на 12 септември, претседателот на Европската Комисија Жан Клод Јункер треба да го одржи својот годишен говор пред ЕП, наречен „Состојбата на Евроската Унија“, во кој шефот на Комисија ги најавува приоритетите и предизвиците на ЕУ за наредната година. тм/нд/17:25

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...