Собранието во продолжението на 59. седница усвои повеќе закони по скратена постапка

Собранието во продолжението на 59. седница усвои повеќе закони по скратена постапка

Скопје, 7 септември 2018 (МИА) - Собранието на Република Македонија попладнево во продолжението на 59. седница усвои четири закони по скратена постапка.

Пратениците по скратена постапка ги усвоија дополнувањата на Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги.

Измените се однесуваат на домашна аудио и видео продукција. Измените ќе важат до 1 јануари 2019 година.

Пратениците ги донесоа и измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање, како и дополнувањата на Законот за градење, по скратена постапка. нд/ац/17:16

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ