• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Иванов во честитката за 8 септември : Одлуките од референдумот во 1991 се обврзувачки за секој од нас

Иванов во честитката за 8 септември : Одлуките од референдумот во 1991 се обврзувачки за секој од нас

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов денеска упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод 8 Септември - Денот на независноста.

Македонскиот народ на 8 септември 1991 година  го искористи своето право на самоопределување, вклучувајќи го и правото на отцепување од дотогашната заедничка држава. Со огромно мнозинство, македонските граѓани ја изразија својата волја и го дадоа својот глас со цел Република Македонија да се конституира како суверена и независна држава, со свое име и свое достоинство. Со тој чин, народот ја презеде врз себе одговорноста за иднината на Република Македонија, без повеќе да се потпира на други. Како што македонскиот народ е создавачот на Република Македонија, така и Република Македонија е чуварот на македонскиот идентитет, вели Иванов.

Додава дека Македонија не може да се гради врз други темели освен оние поставени со референдумот од 1991 година и оти одлуките донесени на тој, како што посочува, прв и единствен референдум, биле и остануваат да бидат обврзувачки за секој еден од нас.

- Во очи на тој историски референдум во нашата татковина не доаѓаа високи странски претставници. Тоа беше момент на вистинска народна саморефлексија од која произлезе ненаметната, автентична и чиста волја на македонскиот народ и македонските граѓани, вели Иванов во честитката. бак/сд/10:26

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...