• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

ОМ: Референдумот е збогум на референцата БЈРМ и добредојде за членството на Македонија во НАТО и ЕУ

ОМ: Референдумот е збогум на референцата БЈРМ и добредојде за членството на Македонија во НАТО и ЕУ

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Вековниот стремеж на Македонците за суверена татковина беше постигнат на 8 Септември 1991 година, датум кој покрај двата историски Илиндени засекогаш ќе остане длабоко врежан во нашата историја и во нашата свест.  

Денес одбележуваме 27 години од тој историски момент – од денот кога граѓаните на Република Македонија масовно излегоа и гласаа за сопствена независна држава. На референдумот во 1991 година над 95 отсто од граѓаните што излегоа да гласаат позитивно одговорија на прашањето „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.
 
Нашата држава во минатото, се соочи со бројни предизвици и без оглед дали биле помали, или огромни за една млада демократија како нашата, ние пред нив застанавме исправено и соодветно одговоривме. Да продолжиме да ја градиме нашата татковина  како стабилна и просперитетна држава.
 
Новиот референдум закажан на 30 септември, за многумина, ќе ја има истата тежина како и првиот од 1991 година. Да бидеме сплотени во мислата за иднината, во промислата за животот на нашите млади – на нашата извесност и сигурност во подобро утре. Таа сплотеност денес значи и едно збогум на референцата БЈРМ и добредојде за членството на Македонија во НАТО и ЕУ, се наведува од Центарот за информирање на Обединети за Македонија. бак/сд/11:31
 

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ