Македонија учесник на Меѓународниот саем во Солун

Македонија учесник на Меѓународниот саем во Солун

Солун, 8 септември 2018 (МИА) - Со присуство на министерот за информатички технологии, Дамјан Манчевски и со штанд на неколку компании, и Македонија учествува на 83-от Меѓународен саем во Солун.

Според дописничката на МИА од Атина, министерот Манчевски денес во рамки на саемот ќе има работен ручек со неговиот грчки колега Никос Папас, како и средби со претставници на грчки и американски компании.

Во текот на следната седмица, на саемот ќе присуствува и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска.

Македонија и оваа година со штанд, на кој излагаат неколку компании, е меѓу 20-те земји учеснички на саемот.

Според најавите, годинашниот Меѓународен саем во Солун ќе трае до 16 септември, а се очекува да биде најголем до сега, со 1.500 штандови од 20 земји. Процените, пак, се дека ќе го посетат над 290 илјади посетители.ср/сд/14:01

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ