• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Ахмети до Бјотнстад: ДУИ е подготвена за успешен референдум на 30 септември

Ахмети до Бјотнстад: ДУИ е подготвена за успешен референдум на 30 септември

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска имаше средба со норвешкиот амбасадор Арно Санес Бјотнстад на која ја нагласи високата подготвеност на сите структури на ДУИ за успешен референдум.

- Лидерот Ахмети го запозна амбасадорот Бјотнстад за подготовките на Демократската унија за интеграција во пресрет на референдумот и ја нагласи високата спремност на сите структури на ДУИ за успешен резултат на 30 септември. Ахмети, исто така, ја повтори важната улога на опозицијата, повикувајќи ја да биде дел од завршетокот на нашиот заеднички пат кон Брисел, информираат од партијата.

Двајцата соговорници разговарале и за дијалогот Косово-Србија, а лидерот на ДУИ, како што посочуваат од партијата, го поддржал дијалогот меѓу Косово и Србија за да се изнајде конечно решение за меѓусебно признавање и за одржлив мир во регионот. бак/сд/14:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ