Пред Владата почна централната прослава за Денот на независноста (видео)

Пред Владата почна централната прослава за Денот на независноста (видео)

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) -  Со културно-забавна програма пред платото во дворот на Владата почна централната свеченост по повод одбележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Прославата почна со најмладите и нивните семејства кои се забавуваат со програмата што за нив ја подготвува Петко и 5+ Бенд. Забавно-музичкиот дел за возрасните во 19:30 часот ќе го отвори Огнен Узуновски – Оги со диџеј сет. 

Програмата под отворено небо, во дворот на Владата, потоа ќе продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со Тамара и Тијана, кои ќе ги изведат најубавите македонски евергрини. 

Прослава пред Влада2Пред присутните ќе се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. 

Забавно-музичкиот дел ќе трае до 23.30 часот. 

Република Македонија, денеска одбележува 27 години самостојност и независност, по успешно спроведениот Референдум, што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава. бк/рп/18:36

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...