• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Документ на Викиликс за ставови на Глигоров по средба со американскиот амбасадор Рикер

Документ на Викиликс за ставови на Глигоров по средба со американскиот амбасадор Рикер

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рекер,испратил извештај од 5 ноември 2008 година, насловен како „Македонија: Поранешниот претседател Глигоров повика на храбра лидерство и решение за името", објави Викиликс.

Во него, Глигоров наведува дека е за компромис за прашањето за името, но „црвената линија" е да се обезбеди дека јазикот и идентитетот да се нарекуваат „македонски".

Тоа е обезбедено десет години подоцна со Преспанскиот договор.

Викиликс Глигоров МКД име

Во извештајот на Рикер, според Викиликс, се вели дека Глигоров изразил разочараност поради недостигот на храбро политичко водство на актуелната влада, недостаток што тој го смета за основен за затворање на договорот за името.

Тој смета дека со ефикасно раководство Македонците можат да прифатат компромис за името, нагласувајќи дека црвените линии се само епитет што ќе го опише јазикот и идентитетот, нагласува Рикер во извештајот.

„Глигоров, исто така, рече дека Македонија мора да сфати дека не е центар на политичкиот универзум за САД, ЕУ и НАТО и мора да ги препознае границите на волјата на другите држави и организации за решавање на проблемите на земјата“. зш/17:51

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ