Мали инциденти на протестот во Солун против Договорот од Преспа

Мали инциденти на протестот во Солун против Договорот од Преспа

Солун, 8 септември 2018 (МИА) - Мали инциденти се случија за време на протестот што е во тек во центарот на Солун против Договорот од Преспа.

Според локалните медиуми, мала група маскирани лица ја нападнала полицијата со камења и предмети, на што специјалните полициски сили одговорија со шок бомби и солзавец, јави дописничката на МИА од Атина.

Инциденти на протестот во Солун2Грчките новинари коментираат дека демонстрантите не се воопшто пријателски кон новинарските екипи, а на неколку пати се обиделе да нападнат претставници на медиумите.

И покрај инцидентите и солзавецот, насобраните граѓани остануваат на протестот. ср/рп/18:54

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ