• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Централна прослава на Денот на независноста: Референдумот со иста важност како оној во 1991 година

Централна прослава на Денот на независноста: Референдумот со иста важност како оној во 1991 година

Скопје, 8 септември 2018 (МИА) - Во празнична атмосфера пред платото на Владата неколку илјади граѓани присуствуваат на централната манифестација по повод одбелележувањето на 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Прославата почна со забавна програма за најмладите кои ги има во голем број во присуство на нивните родители, баби и дедовци, а продолжи со забавно-музичкиот дел за возрасните. Програмата под отворено небо продолжи со музиката на оркестарот на Македонската филхармонија заедно со Тамара и Тијана кои ќе ги изведат наиубавите македонски евегрини.

Прослава пред Влада33Пензионер од Скопје, кој присуствува на прославата, во изјава за МИА упати честитка за празникот и потсети дека откако Македонија ја доби независноста во 1991 година и откако се зачлени во ОН до денеска чекори кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

- Од тука се очекува дека нашите граѓани ќе ја побудат својата свест дека на референдумот кој е закажан за 30 септември ќе излезат и ќе го дадат својот глас така како што размислуваат, порача пензионерот и додаде дека е добро граѓаните уште еднаш да размислат дека нашата иднина е во ЕУ и НАТО и дека тоа ни е единствениот излез да ги решиме проблемите со заминувањето на младите во странство кои бараат подобар живот и стандард.

Пензионерка од Скопје истакна дека ова ни е единствена шанса да си ги задржиме децата, бидејќи како што рече, во оваа држава таа има многу вложено, како што вложувале и нејзините родители. Таа посака нејзините и другите деца да останат во државава. Упати апел сите да гласаат „за“ на референдумот, за да си ги задржат своите деца во Македонија. Нејзиниот сопруг рече дека референдумот на 30 септември е на исто ниво како и референдумот во 1991 година. Според него, референдумот од 1991 година не е ништо позначаен од референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

Република Македонија, денеска одбележува 27 години самостојност и независност, по успешно спроведениот Референдум, што се одржа на 8 септември 1991 година, а на кој над 95 проценти од граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава. бк/рп/19:50

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ