• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ: Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој ќе се слави независноста

ВМРО-ДПМНЕ: Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој ќе се слави независноста

Скопје, 9 септември 2018

Народот не се согласува овој септември да биде последниот во кој што ќе се слави независноста на Република Маледонија. Народот го прочита Заев во неговата намера да ја избрише историјата, традицијата и културата и затоа ја избегна прославата на која што треба да се промовира промената на Уставот и идентитетот.

Иднината на Република Македонија не смее да зависи од лица кои не може да погодат ниту знаме на една земја, пријател на Македонија. Националниот идентитет не смее да биде монета за поткусурување на неспособни политичари кои се заинтересирани само да си обезбедат стипендии за своите деца. Името не е сопственост на криминалци на кои им е важно само да ограбат што е можно повеќе пари од граѓаните додека се власт.

СДСМ докажаа дека единствено се кадарни да наместат тендери за фирмите блиски до нивното раководство. Во таа работа никако да згрешат.

Кога станува збор за релизирање на проекти од значење на сите граѓани СДСМ се целосно неспособни.

Владиниот тим не беше во состојба да направи разлика помеѓу знамиња на две различни држави при официјална посета на највисоко ниво. Канцеларот на Австрија Себастијан Курц беше непријато изнанаден од пречекот со знамето на Латвија. Аматеризмот и несериозноста на СДСМ ја посрамоти Македонија.

Договорот со Грција е само димна завеса додека во позадина се злопупотребува секоја можност да се украдат парите на граѓаните. Тој е максимално штетен. Граѓаните гледаат дека со овој договор не само што се менува името туку се загрозува јазикот и идентитетот.

Ова антидржавно однесување на СДСМ мора да престане. Зоран Заев мора да си замине. Само така Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...