ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

ДУИ основа 35 општински штабови за референдумот

Скопје, 9 септември 2018 (МИА) - Централниот штаб на Демократската унија за интеграција за референдумот на 30 септември одржа состанок во седиштето на партијата во Тетово со 35 - те шефови на општинските штабови на ограноците на таа партија.

Шефот на Централниот штаб, Атила Рецепи, како што информираат од ДИУ, го утврдил основањето на штабовите за референдумот во сите ограноци на ДУИ и им доделил одлуки на избраните шефови на општинските штабови посакувајќи им успешна работа.

На состанокот била усвоена и агендата на средбите на претседателот на ДУИ, Али Ахмети со граѓаните, стратегијата на делување на терен од структурите, а била споделена и политичката платформа за референдумот усвоена на седницата на Централниот одбор на ДУИ.

Централниот штаб на Демократската унија за интеграција оценил дека на 30 септември се одлучува за интеграцијата на земјата во НАТО и ЕУ, а собирите со граѓаните партијата ќе ги почне утре во Тетово, а ќе ги заврши во Скопје. рп/10:13

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ