• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Шекеринска: Референдумот историска можност Македонија да стане дел од најмоќните и најпросперитетните семејства во светот

Шекеринска: Референдумот историска можност Македонија да стане дел од најмоќните и најпросперитетните семејства во светот

Струга, 9 септември 2018 (МИА) – Граѓаните на Република Македонија 27 години по првиот референдум ќе имаат шанса да ја искористат историската можност и да отворат врата Македонија да стане дел од најмоќните и најпростепритетни семејства во светот, изјави денеска во Струга министерката за одбрана Радмила Шекеринска каде вечерва ќе има трибина на која ќе ги информира граѓаните за придобивките од членството на Македонија во НАТО и ЕУ.

Шекеринска во изјавата за медиумите посочи дека се работи за шанса што нема да се пружи вторпат, прилика што ќе им овозможи на младите да растат рамо до рамо со еднакви шанси како нивните европски врсници.

- Тоа е шанса да направат за својата држава, да направат можности и на економски и на политички план, да живеат во држава во која ќе имаат шанси за повеќе образование, образование не само во Македонија туку и во Европа, подобро здравство, повеќе работни места, меѓутоа и подобро платени работни места, рече таа посочувајќи ги примерите од соседството, како Бугарија, Романија, Црна Гора.

Кога ќе се видат примерите од соседството, како што рече, се станува јасно, дека во Бугарија неколкукратно е намалена невработеноста, во Романија тројно се зголемени платите, Црна Гора само за првите шест месеци на оваа година има дваипол пати повеќе странски инвестиции отколку кога не беше членка на НАТО.

- Ова се шанси кои стојат пред младите на РМ и убедена сум дека тие ќе ги искористат. Но, ова е обврска на нас повозрасните да направиме се да не ги оставиме старите проблеми на нашите деца. Да им дадеме шанса на нашите деца, нашите внуци да живеат во подобра држава која ќе биде дел од европското семејство, тие дилеми, тие прашања ќе ги решаваме на 30 септември, истакна министерката Шекеринска.

Средбата со граѓаните на Струга е предвидена за од 18 часот пред платото на Дом на културата “Браќа Миладиновци“ на Кејот на реката Црн Дрим.  аб/бк/15:03

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...