Караванот на државни функционери од ДУИ „Твојот глас“ во Теарце

Караванот на државни функционери од ДУИ „Твојот глас“ во Теарце

Теарце 9 септември 2018 (МИА) – Министри, заменици министри, државни секретари, пратеници и други носители на јавни функции од ДУИ предводени од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска беа дел од караванот „Твојот глас“ во општина Теарце. Тие секој во својот ресор одговараа на прашањата и проблемите кои директно им ги посочуваа жители на оваа општина во тетовско.

- Сакаме на сите граѓани да им овозможиме вакви тет а тет средби со носителите на различни јавни функции односно да ја доближиме власта до граѓаните. Искрено од многуте обврски што ги имаат функционерите, државни политики и слично тие знаат во тек на мандатот да се оддалечат од  граѓаните но тоа е најголемата грешка што може да му се случи на државен функционер. Гледајќи ги големите политики да ги заборави малите барања и секојдневните обврски што граѓаните ги имаат. Ова на некој начин е мини седница на Влада но во општините со директна средба со граѓаните, изјави Османи.

Како уште една придобивка од ваквите средби Османи посочи дека како главен преговарач во евроинтеграцискиот процес овие средби ќе му овозможат појасна слика за ваквите барања при градењето на државните позиции во преговарчкиот процес со ЕУ.

-Овој месец ќе ги искористам ваквите средби да зборувам за НАТО и ЕУ. По референдумот ќе продолжиме со средбите од караванот Твојот глас бидејќи тие не се поврзани со него но сега овој месец ќе го искористам и за таа тема. Тоа што го гледам тука во Теарце се зрели граѓани што ја знаат важноста на моментот и едвај чекаат да дојде 30 –ти септември за Македонија да стане стабилна и просперитетна за вјек и веков, рече Османи

Вакви средби со жителите, тој најави дека ќе продолжат до крајот на мандатот на оваа владина гарнитура. ас/бк/15:10

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ