Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Владата на РМ

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Владата на РМ

Скопје, 9 септември 2018 

Македонската економија е пред колапс, а граѓаните се се посиромашни. Единствено што функционира турбо е општиот грабеж и делењето тендери на фирми на владините функционери или нивни блиски кои вообичаено се формираат една недела пред да биде распишан повикот.

Дури и шминканите резултати за овој квартал говорат за погубните економски политики на оваа власт. Економските факти се следни. Овој резултат за кој власта денес на фанфари се фалеше е трет најмал раст на БДП за вториот квартал во Европа. Дури и овие резултати да не се наместени, тогаш се резултат по инерција од другите економии, а не се резултат на економските политики на оваа власт.

Растот на БДП во вториот квартал од 2018 година се должи првенствено на два фактори. Прво многу ниската основа, бидејќи БДП во истиот квартал минатата година, бележеше негативна стапка на раст. Второ растот се темели на нето-извозот, што е резултат на работењето на претпријатијата во ТИРЗ-овите (односно зоните), кои се резултат на напорната и систематска работа на претходната влада. Ако се погледне расходната страна од структурата на БДП се потврдува заклучокот дека нето-извозот е единствената светла точка во овој период, кој пред се се должи на работата на ТИРЗ-овите, додека бруто инвестициите се во колапс и бележат пад од цели 11%. Тоа покажува дека наместо да заживува економскиот циклус во земјава, тој е речиси замрен.

Поразителните резултати за кои оваа власт денес не кажа ни збор се дека градежништвото, една од клучните економски дејности, и натаму е во слободен пад кој е двоцифрен. Особено загрижува падот од над 19% на дејностите од областа на ИТ, кои во современи услови се иднината на растот на економиите. Овој пад е несомнено резултат на најавите на владата на СДСМ и ДУИ за зголемување на даноците, за што во своите реакции до сега меѓу најгласните претставници беа компаниите од ИТ дејностите.

Исто така, деновиве од авторитетно место, НБРМ, можевме да слушнеме дека катастрофалната реализација на капиталните инвестиции што ја бележи оваа неспособна влада, ќе предизвика економски раст во земјата далеку под проектираниот за оваа година.

Премиерот и економскиот дел од владата не можат да се договорат ниту околу потребата од ребаланс на буџетот.

Очигледно СДСМ и криминалниот картел на власт се веројатно единствените на светот кои се фалат со економски неуспеси. Замислете владата која ја заврши 2017 година со раст 0, која првиот квартал го почна со 0,1% сега говори за економски напредок. Во овој период од првиот до вториот квартал се случи само доделување на концесија на фирмата на кланот Заеви за експлатација на минерални суровини, доделени се државни тендери на фирмите на вицепремиерот Анѓушев, доделен е грант од 300.000 евра за снаата на советничката во премиерскиот кабинет Цветанка Ласкова, доделена е стипендија на ќерката на МНР Димитров, доделена е лиценца за фирма од кланот Заеви за одгледување на марихуана. Се друго стагнира, народот се осиромашува, цените растат, а стандардот опаѓа. Се друго е шминка и весела математика на власта.

Граѓаните знаат дека за да и тргне на Македонија, црното економско трио на чело со Заев, мора да си замине од власт. Само така Македонија ќе победи.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

„Хет трик“: Фудбалер за само шест недели доби деца од три жени

Напаѓачот на англискиот фудбалски клуб Стоук Сити,...

Доделена „Алтернативната Нобелова награда"

Наградата „Правилно живеење", позната и како „Алте...

Тревога во Бакингемската палата поради приврзок за клучеви

Мажот кој вчера беше уапсен кај Бакингемската пала...

Многу мажи по сексот чувствуваат емотивна празнина

Дури 40 отсто од мажите по сексот чувствуваат емот...

НАСА откри две нови планети

Само пет месеци по поставувањето во земјината орби...