• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Спасовски: Како држава немаме таков луксуз да ја испуштиме оваа историска шанса.

Спасовски: Како држава немаме таков луксуз да ја испуштиме оваа историска шанса.

Кичево, 9 септември 2018 (МИА) - Пред 27 години граѓните на референдум се изборија за независност, сувереност и државност. Денес ние како генерација имаме историска можност исто така на референдум да се избориме за европска иднина, за нас и за следните генерации, порача денеска пред кичевчани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Нагласи дека ова е историска можност да гласаме ЗА обезбедување на нашата иднина како рамноправен дел од најсилните светски сојузи – ЕУ и НАТО.

-Како општество и како држава немаме таков луксуз да ја испуштиме оваа историска шанса. И затоа, одовде од европско Кичево, од градот што ги живее и развива европските вредности повикувам на одлучност и одважност, истакна Спасовски.

Повика сите граѓани, заедно, повторно да направат историја и да ја поведат државата во посветла иднина. бк/бак/ац/15:39

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ