Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области, но алтернатива за НАТО и ЕУ нема

Заев: Односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области, но алтернатива за НАТО и ЕУ нема

Скопје, 9 септември (МИА) - Нема докази за диркетно мешање на Русија или на која било земја во внатрешните работи на Македонија. Ставовите на пријателска Русија, но и на другите пријателски земји се познати. Сите заедно се за ЕУ, но за НАТО Русија има поинаков став од ЕУ и САД. 

Ова го истакна денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата одговарајќи на новинарско прашање.

- Но за нас е важен ставот што го имаат мнозинството граѓани на земјава, кои не гледаат друга алтернатива освен полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Нагласи дека бројките се над 80 отсто граѓани за НАТО, а само пет отсто против.

Премиерот истакна дека односите со Русија може да се унапредуваат во повеќе области - економијата, православното христијанство, културата, образованието и друго, но напомена дека алтернативна за НАТО и ЕУ нема. ац/бк/15:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ