• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Мицкоски: СДСМ ветуваше многу, но не можеме да видиме ништо од тие ветувања

Мицкоски: СДСМ ветуваше многу, но не можеме да видиме ништо од тие ветувања

9 септември 2018

Одлично е денес да се биде во Кавадарци, да се биде со кавадарчани но и со другите граѓани на Република Македонија кои што го посетија Кавадарци. Исклучително многу проекти од локалната инфраструктура можевме да забележиме во денешната прошетка низ градот дека се реализираат. Кавадарци навистина доживува на локално ниво еден огромен инвестициски но и градежен бум. Така треба да продолжи, Градоначалникот одлично си ја врши работата. Гледам и денеска организацијата овдека е прекрасна. Од Општинскиот Комитет на МВРО-ДПМНЕ Кавадарци но и другите граѓани денеска добивме информација дека очекуваат илјадници луѓе да се приклучат на денешната манифестација која што како што разбрав ќе колминира во доцните вечерни часови. Посебен ден за кавадарчани посебен ден за овој дел од република Македонија се надевам дека ќе заврши, како што и започна успешно.

Но, не можам да не ги изоставам оние сведочења од страна на граѓаните на Кавадарци кои што серазбира со голема резигнација се изразуваат за политиките кои ги води владата на СДСМ и Зоран Заев. Гледаме дека ветуваа многу работи но за жал не можеме да видиме ништо од тие ветувања на дело. Помина година ипол откако владата на СДСМ и Зоран Заев се во Рапублика Македонија гледаме дека ниту еден километар автопат не успеаа да изградат, гледаме дека сите оние проекти кои што беа успешно започннати и требаше до сега да завршат неуспеваат да ги завршат напротив ги одолжуваат.

Сето она што беше ветувано за загарантиран откуп на земјоделците еве и во овој регион тоа можеме да го забележиме со судна мака се завршува како така. А не како што беше ветувано дека имаме загарантирана цена, дека имаме загарантиран откуп. Така што имаме една масовна депресија, една масовна стагнација во сите пори во општеството, но од друга страна можеме да видиме една исклучително скапа пропаганда, една машинерија која што врши класичен напад на менталниот склоп на сите граѓани во Република Македонија. Се обидува граѓаните да ги убеди во нешто во што и самите не веруваат, бидејќи доколку веруваа ќе знаеја дека сето ова немаше да им биде потребно.

Една чудна слика се случува во, можам најблаго да се изразам во Република Македонија. Од една страна ја имаме најнеспособната влада во поновата историја на Република Македонија, од друга страна имаме најскапо платената пропагандна машинерија кој што некогаш зачекорила во медиумскиот простор во Република Македонија.

Граѓаните се паметни, граѓаните знаат да оценат. Мислам дека сето ова ќе биде залудно потрошени средства на граѓаните на Република Македонија, наместо истите да беа искористени во насока да биде подобрен квалитетот на живот на граѓаните.

Но ете ајде да ја заборавиме на момент политиката и да се посветиме денес на овој прекрасен ден на тиквешкиот гроздобер и да уживаме во оваа денешна прекрасна манифестација.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Две јапонски сонди слетаа на астероидот Ријугу (видео)

Јапонско вселенско летало „Хајабуса2“ испрати два ...

Која е разликата помеѓу белите и кафените јајца?

Најверојатно сте се запрашале за разликата меѓу ја...

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019

Македонија го потврди учеството на Евровизија 2019...

Во Минхен почна 185. издание на Октоберфест

Во Минхен денеска почнува 185. издание на познатио...

Кање Вест одлучи да го напушти Лос Анџелес

Кање Вест донесе одлука заедно со семејството да с...