• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

Жерновски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум

Жерновски ќе учествува на Бледскиот стратешки форум

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски денеска и утре ќе учествува на традиционалниот 13. по ред „Бледски стратешки форум 2018”.

Како што соопшти МНР, Бледскиот стратешки форум 2018, кој во својот концепт вклучува не само политичка, туку и општествена компонента, оваа година се очекува да биде досега најголем, со 24 различни панели, на кој ќе присуствуваат околу илјада учесници - државници, политичари, професори, бизнисмени.

Заменик-министерот Жерновски ќе има свое обраќање на панелот „Западен Балкан: Изгубени години или нова надеж?“.

Жерновски се очекува да оствари и билатерални средби со повеќе претставници и учесници на Форумот, во функција на информирање на соговорниците за претстојниот рефрендум, како и дека Република Македонија е суштински посветена на реформскиот процес со цел да стане 30-та земја членка на НАТО Алијансата, се додава во соопштението на МНР. нд/дма/11:31

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Кина ќе ги проучува поларните области на Месечината

Кина има намера до 2030 да испрати апарат кој ќе г...

Казна за непристојните во градскиот превоз

Многумина, поготово момчињата имаат навика во авто...

Мел Гибсон снима преработка на „Дивата орда“

Познатиот глумец и режисер Мел Гибсон ја подготвув...

Почина уште еден актер од серијата „Синови на анархијата“, втор во три месеци

Глумецот Пол Џон Васкез, кој е познат по улогата в...

Вили на Босфорот се продаваат за цени и до 100 милиони долари

Шеесет луксузни вили на Босфорот, т.е. во Истанбул...