• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

ЕК: Македонските граѓани да гласаат на референдумот без мешања однадвор

ЕК: Македонските граѓани да гласаат на референдумот без мешања однадвор

Брисел, 10 септември 2018 (МИА) – Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, од Брисел порача дека очекува граѓаните во Македонија да гласаат на референдумот без надворешни мешања, јави дописничката на МИА од Брисел.

- ЕУ го поддржи постигнатиот договор за името, сега низа чекори треба да се случат за договорот да стане дефинитивен. Референдумот е моментот кога народот може да го искористи своето демократско право. Ова е важен момент за нив да одлучат за иднината на нивната земја и треба да им биде овоможено да го направат тоа без надворешно мешање, изјави Коцијанчич.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ЕК и помага на Македонија да се бори против можни лажни вести од надворешни фактори и мешања во кампањата, Коцијанчич порача дека европските служби ја споделуваат својата најдобра практика во оваа област со нејзините партнери, но дека организацијата на референдумот е пред сѐ во рацете на државата како суверена земја.тм/са/12:36

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Обожаватели на Принс бараат истрага за неговата смрт

Илјадници обожаватели на американскиот музичар При...

Објавена првата слика од новиот Џокер

Режисерот Тод Филипс на Инстаграм ја објави првата...

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...