Формиран Заеднички комитет за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција

Формиран Заеднички комитет за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција

Скопје, 10 септември 2018 (МИА) - Формиран е Заеднички интердисциплинарен комитет на експерти (ЗИКЕ) за историски, археолошки и образовни прашања меѓу Македонија и Грција. 

Во составот на ЗИКЕ од македонска страна има седум члена, на чело со амбасадорот Виктор Габер. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, за формирањето на заедничкиот комитет соопштија и од Министерството за надворешни работи на Грција. Исто како и од македонска, така и од грчка страна ќе има седум члена, а претседател е заменик-министерот за надворешни работи Маркос Боларис.

Како што информира денеска Министерството за надворешни работи, овој комитет е формиран во согласност со член 8, став 5 од Конечната спогодба меѓу Република Македонија и Република Грција, потпишана на 17 јуни 2018 г. (Спогодбата од Преспа). мд/ср/13:57

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ