Арсовски: Како прислушуваните материјали стигнале кај Стојановски

Арсовски: Како прислушуваните материјали стигнале кај Стојановски

Скопје, 10 септември 2018

Криминалниот картел на власт предводен од Зоран Заев секој ден го покажува своето лице и своите методи на застрашување кон граѓаните и сите останати.  Ова е вистината за СДСМ, а не лицемерието кое им го продаваат на граѓаните за европски вредности кои наводно ги поседуваат, а воопшто не ги поседуваат.

Вчера јавноста беше сведок како градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар јавно пред ученици, на работно место им се заканува на просветни работници и ги омаловажува на најдрзок начин.

Како што може да погледнете градоначалникот на Демир Хисар пред малолетни деца, пред ученици се заканува.

Шерифлукот на СДСМ е многу посериозен од обична расправија како што тврди МВР кое што се обидува да го релативизира случајот. Стојановски тврди дека ги прислушкува граѓаните, дека го следи нивното движење и врши притисоци со бомбите на Зоран Заев.

Ова е клучното прашање. Како стасале материјалите од нелегалното прислушкување до лик како што е Марјанче Стојановски од Демир Хисар?

Дали за овие материјали за кои градоначалникот на Демир Хисар зборува знаaт органите на прогонот?

На крајот на краиштата дали некојси Марјанче Стојановски е дел од една партиска структура на СДСМ која вршела прислушкување на граѓаните и истите материјали ги злоупотребувала во изборни цели, уцени на граѓаните и притисоци на администрацијата во пресрет на политичките случувања како што е претстојниот референдум, а можеби тоа било дел од стратегијата да стане градоначалник?

Цела држава е заложник на оваа криминална власт на СДСМ. Денес се живее во страв, страв кој треба да ја покрие целата неспособност на оваа власт. Така државата може да ја вратат во мрачното удбашко минато, а не во европската иднина како што милуваат да кажат.

Очекуваме дека овој скандал ќе биде разјаснет во целост, а не да заврши со информативен разговор во полиција, онаму каде што работел Стојановски и од каде имал пристап да ги прислушкува сите граѓани, а сега веќе и да им се заканува. Обвинителството треба да излезе со сериозно кривично дело, а не со минорни обвинувања. Оставката на градоначалникот Стојановски е нешто што јавноста најмалку го очекува во моментов.

Јавноста бара Одговорност. Скандалот е огромен за да се ограничи само на еден лик како Марјанче Стојановски. Приказната е поголема. Тој е само врвот од сантата мраз наречена криминално-удбашки картел на власт.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ