• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Спираки: Ципрас да распише избори за граѓаните да го поништат Договорот од Преспа

Спираки: Ципрас да распише избори за граѓаните да го поништат Договорот од Преспа

Атина, 10 септември 2018 (МИА) - За економијата, но и за Договорот од Преспа, од опозициската Нова демократија упатуваат критики до Владата, во реакцијата за активностите на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Меѓународниот саем во Солун.

Портпаролката на најголемата грчка опозициска партија и европратеничка Марија Спираки го повика Ципрас да распише избори „за народот да го поништи договорот“.

- Во однос на скопското прашање, наместо да прашува што ќе прави Нова демократија ако го ратификуваат договорот тој самиот и неговите партнери што му стојат на располагање, нека го стори она што се подразбира. Избори сега за граѓаните да го поништат договорот со гласањето, вели Марија Спираки.

Од Нова демократија, претходно, коментирајќи ја прес-конференцијата на Ципрас рекоа дека тој „имаше храброст одново да го поддржи договорот, кој на Скопје му отстапува „македонска националност“ и „македонски јазик“, а кој го отфрлаат мнозинството Грци.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од кабинетот на Ципрас ги коментираа ставовите на Нова демократија, а во однос на прашањето за името и Договорот од Преспа, го повторуваат она што вчера го кажа грчкиот премиер на прес-конференцијата, дека Мицотакис „нема храброст да каже дека ќе го поништи Договорот од Преспа“ и едно кажува во внатрешноста на земјата, а друго надвор.ср/са/15:35

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мозаик

Експерти: Вештачката интелигенција ќе ни овозможи комуникација со животните

Желбата за зборување со животните тлее во многумин...

На Месечината има погребан човек

На Месечината има многу „ѓубре“ од луѓето што ја п...

Папата Франциско: Сексот е голем дар од Бога

Папата Франциско им порача на младите Французи дек...

Мајкл Џордан донираше два милиона долари за Северна Каролина

Поранешната НБА ѕвезда Мајкл Џордан донираше два м...

Најбогатиот фудбалер во светот игра за резервите на Лестер

Фудбалот е шанса за огромно мнозинство на човештво...