• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

ИК на ЛП: Граѓаните да ја искористат можноста и на 30 септември да ја поддржат РМ кон НАТО и ЕУ

ИК на ЛП: Граѓаните да ја искористат можноста и на 30 септември да ја поддржат РМ кон НАТО и ЕУ

Скопје, 10 септември 2018

Свесни за предизвиците при имплементацијата на преспанскиот договор, но и за потребните чекори за остварување на националните стратешки цели, Либералната партија сака да даде придонес кон донесувањето на тешката, но правилна одлука за сегашноста и иднината на државата и граѓаните низ позитивно изјаснување на референдумот.

По опсежни консултации, Извршниот комитет на Либералната партија одлучи да ги повика граѓаните да ја искористат можноста на 30 септември да го поддржат патот на Република Македонија кон НАТО и ЕУ.

Немаме дилема дека убедлива волја на македонските граѓани од сите припадности е земјата да биде членка на овие два сојузи.

Либералната партија цела деценија предупредуваше дека оваа одлука треба да се донесе низ институциите, без поделбите што неминовно ги предизвикува референдумскиот процес дизајниран од Груевски за избегнување на одговорноста од политичко водење и одлучување.

Но, во вакви околности никому не му е сеедно и ниту еден политички субјект ниту поединец не може да остане без став.

Либерална партија 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ