• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Генимата: Сакаме решение, но не било какво

Генимата: Сакаме решение, но не било какво

Атина, 10 септември 2018 (МИА) - Позициите на Движењето на промена во однос на економијата, но и за Договорот од Преспа ги претстави претседателката на партија во нејзиниот говор во рамките на Меѓународниот саем во Солун.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Фофи Генимата го повтори ставот дека тие поддржуваат решение, но не било какво, а посебно не се согласуваат околу македонскиот идентитет и јазик. Лидерката на движење на промена, кое е коалиција на централно левичарско ориентирани партии меѓу кои и ПАСОК, ја обвини грчката влада дека во надворешната политика „се движи без компас“ и „се повлекува пред меѓународниот притисок и на избрзан начин се обидува да ги затвори прашањата“.

- На ист начин се справи и со прашањето за името на Скопје. Ние уште од почеток разјаснивме дека сакаме решение, но не било какво решение. Но, ние комплетно бевме и сме против отстапувањата од грчката влада за критичните прашања на македонската националност и јазик. Ако беше така, прашањето ќе беше веќе решено од владите на ПАСОК, рече лидерката на Движење на промена.

Фофи Генимата во нејзиниот говор, говорејќи за економијата и актуелната ситуација во Грција порача дека она што и е потребно на земјата во овој момент се избори. ср/сст/20:58

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ