• A-
  • A
  • A+
среда, 19 септември 2018, 

Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други

Ципрас: Преспанскиот договор може да биде модел за други

Стразбур, 11 септември 2018 (МИА) – Грчкиот премиер Алексис Ципрас во своето обраќање пред Европскиот парламент ги истакна дипломатските успеси на неговата влада во регионот, нарекувајќи го преспанскиот договор „врвот на нашите напори“.

- Со премиерот Заев од ПЈРМ успеавме да стигнеме до заеднички прифатливо решение без употреба на сила, туку преку дипломатија и дијалог. Oвој договор може да биде модел за решавање на споровите во нашиот регион, изјави Ципрас пред европратениците.

Преспанскиот договор и „лидерството на Ципрас и Заев“ го поздрави и Европската Комисија преку еврокомесарот задолжен за Еврото, Валдис Домбровскис, кој рече дека преку решавањето на овој долгодишен спор „тие поставија пример за регионот и за поширокиот свет“.

Алексис Ципрас утрово одржува дебата со европратениците на пленарната седница на Европскиот парламент за иднината на Европа. тм/вг/09:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ