• A-
  • A
  • A+
петок, 21 септември 2018, 

Трипуновски: Крушево е заборавено од СДСМ, нема проекти и инвестиции

Трипуновски: Крушево е заборавено од СДСМ, нема проекти и инвестиции

Скопје, 11 септември 2018 
 
Тажна е глетката која ја гледаме, славно Крушево и крушевчани оставени да се снаоѓаат сами како знаат и умеат. СДСМ повеќе од година ипол нема ниту еден проект, ниту една инвестиција, власта воопшто не се грижи за овој крај, вели Трипуновски.

Крушевчани велат дека претставниците на власта го заборавија Крушево, никој не дошол во градот година ипол, единствено го виделе Заев кој наместо да отиде во Крушево службено и да ги слушне нивните проблеми, со своите другари на скап мотор се шетал низ градот приватно, без да се заинтересира како живее обичниот крушевчанец.

Младите како и од целата држава така и од Крушево се иселуваат, СДСМ не само што не го запре тој тренд туку и го забрза, младите не гледаат перспектива со оваа власт и бегаат е заклучокот на крушевчани.

Трипуновски нагласи дека ова е поради слабиот капацитет на власта, која освен на кримимал не мисли на ништо друго. Тој потенцира дека СДСМ само декларативно се залага за ЕУ, а во реалноста прави се спротивно од тоа.

За ова агонија која и се случува на државата да запре мора СДСМ да си замине, вели Трипуновски. Колку побргу, толку подобро. Пред штетите што ќе ги направат да бидат ненадоместливи, заклучи тој.

Цветан Трипуновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ    

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

                          

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ