• A-
  • A
  • A+
четврток, 20 септември 2018, 

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги повика своите членови да гласаат за европска Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ  да ги повика своите членови да гласаат за европска Македонија

11 септември 2018 

ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност за државата и историскиот момент и наместо при јавно достапен договор да шири невистини, да се приклучи во процесот што ја води Македонија во ЕУ и НАТО.

Постигнатиот Договор со Грција ги отвора евроинтегративните перспективи и го зајакнува и заштитува македонскиоит иденитет. Со Договорот, Грција го признава македонскиот идентитет, а македонската посебност е потврдена еднаш засекогаш. Со влезот во ЕУ и НАТО, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо стануваат официјални во заедници од над 500 милиони луѓе. Тоа е трајна заштита на македонскиот јазик.

Договорот со Грција е историски најдобра и фер шанса за македонските граѓани. Со него се отвора патот за влез во НАТО и ЕУ со заштитен и загарантиран македонски идентитет.

ВМРО-ДПМНЕ денеска треба ги повика своите членови и симаптизери да ја искористат историската шанса, да излезат на референдумот на 30 септември и да гласаат ЗА влез во ЕУ и НАТО, да гласаат ЗА европска Македонија!

Социјалдемократски сојуз на Македонија 

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ