• A-
  • A
  • A+
среда, 26 септември 2018, 

ВМРО-ДПМНЕ гради став за референдумот

ВМРО-ДПМНЕ гради став за референдумот

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - Во ВМРО-ДПМНЕ од попладнево се во тек координации на Извршниот комитет и на Централниот одбор на кои се очекува да биде заземен став на партијата за претстојниот референдум на 30. септември.

Претходно, во партиското седиштето се одржа коордиција и со пратеничката група.

Според најавите од партијата, заклучокот од состаноците на највисоките партиски тела ќе биде објавен на прес-конференција.

Од партијата во повеќе наврати порачаа дека се за членство на Македонија во Европската унија и НАТО, но се против  Договорот за името меѓу Македонија и Грција.

Сепак, членови на партијата веќе ги соопштија своите лични ставови дека ќе го бојкотираат или дека ќе гласаат на референдумот, и кои се нивните видувања за промената на името кое се доведува во контекст на евроинтеграциите.лв/хс/17:29

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ