• A-
  • A
  • A+
сабота, 22 септември 2018, 

Нова национална стратегија за деинституционализација за 2018–2027

Нова национална стратегија за деинституционализација за 2018–2027

Скопје, 11 септември 2018 (МИА) - За неколку месеци ќе заврши националната стратегија за деинституционализација 2008–2018, така што Владата на денешната 88-ма седница ја прифати новата Национална стратегија за деинституционализација во Република Македонија за 2018–2027, симболично насловена „Тимјаник“.

Владината прес-служба информира дека новата стратегија за деинституционализација го проширува фокусот и нуди сеопфатен преглед на социјалните услуги во тековниот контекст.

- Стратегијата ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и дејствата што треба да се преземат и подобрат при спроведувањето на преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби, наведува службата на Владата за информирање.

Во институции сега се сместени вкупно 2 358 лица. хс/лв/18:07

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ